Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
АЕК Ларнака запиша важна победа против Омонија, во борбата за третото место на табелата во кипарскиот шампионат, кое обезбедува пласман во Лига Европа, а херој на мечот беше Иван Тричковски.
Македонскиот репрезентативец имаше одличен меч за АЕК Ларнака, па успеа во 79. минута да погоди за водство од 1-0 против Омонија, додека неговиот соиграч Јану во 90. минута ги постави конечните 2-0.
АЕК во моментов има 49 бодови на табелата во шампионатот, а во „врат им дише“ АЕЛ Лимасол, кој има само еден бод помалку по 27 одиграни кола.
Македонскиот напаѓач има одлично сезона за кипарскиот тим и досега постигна 13 голови на 20 настапи за АЕК.