До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека Сака сè уште има проблем со Ахиловата тетива и дека сè уште не е подготвен да тренира со целосен интензитет.
Иако првично требаше да биде подготвен веднаш по мартовската пауза, повредата се искомплицира и поради тоа Сака нема минутажа од почетокот на април.
На сето тоа, Нони Мадуеке се здоби со повреда на коленото на натпреварот против Спортинг и исто така постои голема шанса да не биде подготвен за гостување кај Сити.
Добри вести се дека Рикардо Калафиори и Мартин Одегард би можеле да бидат подготвени за неделниот дерби на „Етихад“.
Сака сигурно е најважниот играч на овој список, затоа до недела ќе биде во сериозна трка со времето.
.
















