Трката во Кина ќе биде откажана поради коронавирусот!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Властите во Кина препорачаа откажување на сите спортски настапи поради епидемијата со коронавирусот, со што дополнително се постави прашањето дали ќе се вози трката за Големата награда на Кина.

Трката во Шангај требаше да биде четврта по ред сезонава, а беше закажана за 19 април. За оваа недела се планирани разговори со управата на Формула 1, по што би можела да биде одложена трката.

Спортската генерална асоцијација во Шангај на сите спортски тела им препорача да ги откажат случувањата додека епидемијата не заврши.

„Организацијата исто така треба да примени систем на секојдневно управување со хигиена и да го засили здравственото образование за вработените“, пишува во соопштението.