Трофеј Македонија – Македонија поразена од Босна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На последниот натпревар, кошаркарската репрезентација на Македонија на Трофеј Македонија беше поразена репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 69:75.

Подобар старт имаа босанците, 4:10. Македонските кошаркари намалија на само 1 поен, но до крајот на првата четвртина босанските кошаркари стигнаа до водство од 20:26. Втората четвртина донесе намалување на 2 поени на предноста на босанците. Кон средината босанските кошаркари повторно почнаа да доминираат и на полувреме заминаа со предност од 7 поени, 33:40. Во третата четвртина го видовме првото израмнување на резултатот после водството на босанците. После израмнувањето, македонските кошаркари играа одлично и во последните 10 минути влегоа со предност од 3 поени, 60:57. Босанците во последната четвртина израмни и направи превсрт. На крајот Босна славеше со 69:75. Мирза Телетовиќ ја предводеше Босна до победа со 26 поени и 9 скока. Во нашиот состав најефикасен беше Трејвис со 16 поени. Костовки додаде 14 поени, Војдан Стојановски 11 поени, Дамјан Стојановски 10 поени, Младеновски 6 поени, Јанески 4 поени, Ѓуроски 3 поени, Крстевски 3 поени и Магдевски 2 поени.