Тројца фудбалери на Арсенал синоќа го посетија Џака во неговиот дом


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака ги поминува своите најлоши денови откога пристигна во Арсенал.

Џака пред месец дена беше избран за нов капитен на Арсенал, но тогаш се тргна во погрешна насока. Швајцарецот не игра баш добро и поради тоа навивачите му го завртија грбот бидејќи веруваат дека тој не би требало да ја добие капитенската трака.

Големиот скандал се случи во неделата кога Арсенал играше на домашен терен против Кистал Палас, а во 61. минута, Емери одлучи да го извади Џака надвор од игра што беше погрешен потег.

Навивачите на почетокот тоа го обележаа со аплауз, а потоа почнаа жестоко да му досвирнуваат на својот капитен. Џака не можеше да ги скрие своите емоции и им врати со соблекување на дресот и луто им порача на навивачите „од***те!“ што предизвика уште поголем бес на трибините.

Џака беше „растргнат“ после тој потег на социјалните медиуми и јасно е дека ситуацијата во соблекувланата повеќе не е истата. Но, поединци од тимот беа загрижени поради својот капитен бидејќи јасно им е дека Џака е погоден од реакцијата на навивачите.

Дејли Мејл пишува дека синоќа тројца фудбалери на Арсенал биле да го посетат Џака во неговиот дом и да разговараат со него бидејќи знаат дека е разочаран и тажен поради свирежите кои ги доби.

Сеуште не е познато дали Џака ќе остане капитен на Арсенал или Емери ќе одлучи траката да му ја додели на некој друг играч.