Тројца фудбалери на Манчестер јунајтед ќе го засилат Њукасл?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њукасл веќе некое време е во центар на внимание на спортската јавност затоа што доби нов и богат газда, па се очекува во текот на зимата да вложи многу пари во засилувања.

Новиот тренер Еди Хау веќе направи листа со потенцијални засилувања, а интересно е што на листата има дури тројца фудбалери на Манчестер јунајтед.

Прва желба е голманот Дин Хендерсон, кој сезонава е резерва на Давид Де Хеа, а минатата сезона покажа дека има огромен квалитет.

Уште две имиња кои се на листата со желби се Џеси Лингард, кој беше неверојатен во екипата на Вест хем, каде што беше на позајмица, додека Дони Ван де Бек не добива шанса кај Оле Гунар Солскјер, па поради тоа не е задоволен во екипата.