Тројца фудбалери на Њукасл се „тепаа“ за дресот на Роналдо: Кој го доби на крајот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо во саботата дебитираше по вторпат за Манчестер јунајтед во неговата кариера. Тој се врати на „Олд Трафорд“ по 12 години и се претстави со два гола против Њукасл.

Гостинските фудбалери беа импресионирани од Роналдо, додека некои од нив водеа жестока борба за неговиот дрес на крајот на мечот.

Британските медиуми пишуваат дека Џамал Ласелес, Исак Хејден и Жоелингтон биле во жестока караница за дресот на Роналдо, но не е познато кој успеал да го добие.

Роналдо на „Театарот на соништата“ играше од 2003 до 2009 година, па вели дека е пресреќен што повторно имал можност да слави пред навивачите на „црвените ѓаволи“.