Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвена Звезда му даде отказ на тренерот Душко Ивановиќ по трите порази по ред во Евролигата, а веднаш потоа го назначи Гркот Јоанис Сферопулос за нов стратег.
Сферопулос двапати беше помошник селектор на Грција и освои бронзен медал на Евробаскетот во 2009 година, додека со Олимпијакос двапати беше шампион на Грција.
Дебито на Сферопулос ќе се случи во четврток против Партизан во Евролигата, а потоа ќе игра против „црно-белите“ и во АБА-лигата.