Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел беше разочаран по ремито против Манчестер сити (1-1) и елиминацијата од Лигата на шампиони (ЛШ).
Баварскиот гигант го загуби првиот натпревар со 0-3, по што не успеа да се врати во реваншот, а Тухел смета дека им недостигало среќа во дербито.
„Бевме подобри од Сити, но како и во минатиот натпревар, повторно немавме среќа. Задоволен сум од настапот на моите фудбалери. Игравме против тим кој е во најдобра форма во Европа“, кажа Тухел.