Тухел добил отказ преку телефон, иако 10 минути се молел за нова шанса!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челси загуби вчера на „Максимир“ од Динамо Загреб со 0-1, по што тренерот Томас Тухел доби отказ од поранешниот европски првак.

Новиот газда Тод Боели покажа дека нема трпение, како и претходниот сопственик Роман Абрамович и поради тоа сега трае потрага по нов стратег.

Британските медиуми откриваат дека Тухел добил отказ преку телефон, иако Германецот 10 минути се молел за да добие нова шанса.

Главна причина за разделбата меѓу Челси и Тухел не е поразот во Загреб, туку лошата атмосфера во соблекувалната, откако Германецот го загубил главниот збор.

Американскиот газда решил навреме да ги реши проблемите и да го избрка Тухел, а веќе на листата со потенцијални кандидати за нов стратег се наоѓаат Зинедин Зидан, Маурицио Покетино и Греем Потер.