„Тухел е тренер од калибар како Гвардиола“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Томас Тухел го презема Баерн Минхен по отказот на Јулијан Нагелсман, а поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер даде коментар за тренерската смена.

Швајнштајгер имаше само пофални зборови за Баерн Минхен за кој смета дека направил одличен потег со ангажманот на Тухел.

„Навистина сум среќан поради неговиот ангажман, имам почит кон него. Сметам дека е тренер во рангот на Пеп Гвардиола. Кога во минатото го одби Баерн, тоа се покажа како добра одлука, по што имаше можност да работи со големи фудбалери во ПСЖ и Челси и да ја освои Лигата на шампиони, но сега неговиот потег е одличен“, кажа поранешниот фудбалер.