Тухел го „нападна“ својот газда: Сака во Челси да донесе еден од најдобрите напаѓачи?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека германскиот тренер Томас Тухел не е задоволен поради тоа што летово ги загуби Ромелу Лукаку, Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, а притоа не купи соодветни замени.

Приоритет на Тухел му беше одбраната, па го ангажираше само Калиду Кулибали од Наполи, по што тргна по нови дефанзивци, но засега нема среќа во преговорите.

Тухел сака и нов напаѓач, а не е тајна дека никогаш не го сакал Лукаку во екипата, туку негова главна желба бил Хари Кејн од Тотенхем.

Германскиот новинар Фалк објави дека Челси повторно е заинтересиран за англискиот напаѓач, а наскоро се очекува понуда од новиот газда на премиерлигашот Тод Боели.

Шпекулациите се дека Челси ќе испрати понуда од 120 милиони евра, но трансферот е далеку од реализација во моментов, а сигурно и стратегот Антонио Конте не би сакал да го загуби Кејн.