Тухел го напаѓа Јунајтед: Прво ги исфрли од ЛШ, а сега сака да им земе една ѕвезда?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед и го елиминира од Лигата на шампиони (ЛШ), а бундеслигашот подготвува нов удар за екипата од Премиерлигата.

Тимот на Томас Тухел сака да се засили во средниот ред, а на листата со желби се наоѓа Скот Мектоминеј кој игра добро во изминатиот период.

Ерик Тен Хаг не сака да го задржи Мектоминеј затоа што планира ремонт на „црвените ѓаволи“, па трансферот би можел да се реализира уште во јануари.

Повикот од Минхен дефинитивно тешко би бил одбиен од Мектоминеј, но останува да видиме што ќе се случи во следниот период.