Тухел јавно го критикуваше Лукаку по неуспехот против Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси вчера загуби на гостувањето кај Манчестер сити со 0-1 во 22. коло од англиската Премиерлига, а голот го постигна Кевин де Брајне.

Нападот на Челси вчера изгледаше очајно, односно Ромелу Лукаку не доби вистинска шанса од која можеше да постигне гол за гигантот од Лондон.

По натпреварот тренерот Томас Тухел јавно го критикуваше напаѓачот на Челси поради лошиот настап.

„Лукаку имаше многу изгубени топки и тоа без притисок во добри ситуации. Имаше шанси. Секако, сакаме да му помогнеме. Тој е дел од нашиот тим и понекогаш му треба помош“, вели Тухел.

Лукаку сезонава одигра 22 натпревари за лондонскиот тим во сите натпреварувања, а притоа постигна осум голови и две асистенции.