Тухел ќе добие задача да ги запре Барселона и Реал Мадрид во Ла Лига?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико Мадрид наскоро би можел да се раздели со Диего Симеоне бидејќи екипата не игра како што очекува раководството, односно има 13 бодови помалку од лидерот Барселона во Ла Лига.

Симеоне има договор до 2024 година, но сепак неговиот ангажман може да заврши порано од очекувањата, а како негова замена се споменува поранешниот тренер на Челси, Томас Тухел.

Германскиот тренер е без работа од септември кога доби отказ од Челси по неколку лоши резултати, а Тухел исто така порача дека е подготвен да се врати на фудбалските терени и ова би можела да биде идеална шанса за тоа.