Тухел ќе има итен состанок со Лукаку за да ги решат проблемите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Томас Тухел ќе одржи состанок со белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку и треба да му објасни какви се плановите за иднината.

Тухел вчера го отпиша Ромелу Лукаку за натпреварот против Ливерпул, кој заврши 2-2, по што кажа дека секогаш има начин како да се средат односите.

„Лукаку е наш фудбалер и секогаш има начин за враќање назад. Ќе имаме состанок и кога ќе донесеме одлука, тогаш сите ќе дознаете кога ќе се врати во тимот“, кажа Тухел на прес-конференцијата.

Челси наводно не планира да го продаде Лукаку во јануари, откако претходно го купи минатото лето за огромна сума, па Тухел ќе зборува со Белгиецот за да ги средат односите и проблемите.