Тухел на удар поради тоа што го кажа за време на инцидентот во Париз 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел се најде на удар на јавноста поради тоа што го кажа за време на инцидентот по расистичкиот коментар на романскиот судија Себастијан Колетску.

Мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир беше прекинат по 20 минути игра, откако четвртиот судија на расна основа го навреди Пјер Вебо, а интересна сцена се случуваше покрај теренот меѓу Тухел и фудбалер на турскиот тим Фредерик Гулбрандсен.

Гулдбрансен: Тоа е расизам
Тухел: Дали го слушна да го каже тоа?
Гудбрандсен: Не!
Тухел: Затоа смири се, опуштено.
Гулдбрандсен: Но, така кажа!
Тухел: Не знаеш дека така кажал.

Настапот на тухел предизвика револт на социјалните мрежи и многумина тврдат дека тренерот на ПСЖ застанал во заштита на судијата.