Тухел најави борба за трофеи: Сакаме да освоиме – сѐ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челси игра одлично сезонава, а вчера се пласираше во осминафинале на Лига Купот со победата против Астон вила со 4-3 на пенали.

Томас Тухел е среќен со резултатите на Челси и најави борба за сите трофеи.

„Премиерлигата или Лигата на шампиони не се пред другите натпреварувања. Ние во овој тим сакаме да создадеме победнички менталитет за сите натпревари. Тоа мора да биде наш ДНК.  Освоените трофеи од минатата сезона не влијаат на тоа што сакаме да го освоиме оваа. Сакаме да ги освоиме сите трофеи, да бидеме конкурентни во секој поглед и на секој натпревар“, вели Тухел.