Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ синоќа доживеаа неочекуван порази на гости кај Рен (2-1) во второто коло од Лига 1.
Парижаните поведоа со голот на Кавани, но Рен успеа да стигне до пресврт и на крајот да слави со 2-1. Тренерот на овој тим Томас Тухел ниту на овој меч не сметаше на Нејмар кој се чини дека е на излезните врати на клубот.
Нејмар ги започна припремите пред повеќе од месец дена, но само тренираше во тимот и не беше во конкуренција за припремните натпревари ниту за мечевите на новата сезона во Лига 1.
Тухел потврди дека постои шанса Нејмар да замине, но тоа ќе се случи доколку ПСЖ пронајде негова замена.
„Мораме да најдеме замена за него пред да го продадиме. Тој е играч на кого му треба замена. Тоа нема да се реши денес или утре, но Нејмар веројатно ќе замине доолку клубот пронајде играч кој ќе може него да го замени“, рече Тухел.
Француските медиуми наведуваат дека ПСЖ сака да го доведе Пауло Дибала од Јувентус и дека во тој случај не би правеле проблем Нејмар да замине од клубот.