Тухел отпадна од конкуренција: Баерн Минхен преговара со белгиски тренер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен бара замена за Томас Тухел, откако Германецот реши да го напушти клубот на крајот на сезоната, а претходно бундеслигашот доби негативни одговори од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман, Ралф Рангник и други.

Поранешниот германски шампион преговара со Винсен Компани, кој оваа сезона не се прослави во Премиерлигата и испадна со Барнли во понизок ранг.

Двете страни веќе одржале состанок, а се планира да имаат уште некој во следниот период пред да биде донесена конечната одлука.