Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Главна тема во медиумите беше тепачката меѓу Садио Мане и Лирој Сане по поразот на Баерн Минхен од Манчестер сити (0-3) во Лигата на шампиони (ЛШ).
Баерн го казни Мане со еден меч суспензија и 500.000 евра, а Томас Тухел испрати предупредување до останатите фудбалери да не прават идентични потези.
„Овој случај е решен. Јас не видов што се случи затоа што бев во собата со моите помошници. Секако дека сме загрижени, не очекувавме инцидент. Го решивме проблемот и двајцата имаа тренинзи. Ова ќе помогне и останатите фудбалери да внимаваат на нивните реакции. Садио направи грешка и се надевам дека во иднина вакви работи ќе останат меѓу нас“, кажа Тухел.