Тухел: Судија ни се извини, но залудно – ги прекршија правилата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид во реваншот против Баерн Минхен славеше со 2-1 и се пласира во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот на бундеслигашот, Томас Тухел не беше среќен поради судиската одлука во финишот кога беше досуден офсајд.

„Во 88. минута примивме гол по голема грешка на најдобриот играч кој нè спасуваше цел натпревар. Што мислам за Бернабеу? Очигледно има ефект на судиите. На крајот постигнавме гол за продолженија, но го поништија. По мечот помошниот судија ни се извини, ни кажа дека згрешил. Тие ги прекршија правилата, ова е катастрофа“, кажа Тухел.