Тухел удри по ѕвездите: Мораше да примиме гол за да почнеме да играме фудбал!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Баерн Минхен одигра нерешено против Фрајбург (2-2) и така направи чекор назад во битката за титулата во Бундеслигата, а тоа го разочара тренерот Томас Тухел.

Тухел по средбата ги обвини фудбалерите дека имале несериозен пристап кон натпреварот со Фрајбург.

„Во првите 30 минути не игравме како што треба и заслуживме да бидеме во негатива. Требаше да примиме гол за да почнеме да играме фудбал. Бевме подобри во второто полувреме, но не успеавме да постигнеме и трет гол. Ова беше недисциплина во првите 30 минути која скапо нè чинеше“, кажа Тухел.

Баерн има дури седум бодови помалку од Баер Леверкузен кој може дополнително да ја зголеми предноста.