Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сенка на убедливата победа на Челси против Малме (4-0) во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) фрлија повредите на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер.
Тренерот на „сините“, Томас Тухел вели дека двајцата напаѓчи, сепак, не би требало да отсуствуваат долго време.
„Мислам дека неколку дена ќе бидат надвор од терените. Не знам колку точно. Тоа е лошо, затоа што тие играчи се во добра форма, создаваат шанси и постигнуваат голови, а пред нас се многу натпревари. Мора да пронајдеме добро решение, потребно е други да го преземат главниот збор на теренот“, вели Тухел.
Следниот викенд Челси игра против Норич во Премиерлигата и ќе биде интересно да се види кој ќе го предводи нападот.
„Сите се во конкуренција. Тие кои ќе го почнат мечот ќе имаат наша целосна доверба“, вели стратегот на европскиот првак.