Турам добро се сеќава на играчот кој го понижил најмногу: „Ја чувам неговата слика во канцеларија“


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Лилијан Турам е меѓу најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот. Легендарниот Французин ја одбележа една ера и многумина го паметат како столб во одбраната.

За време на неговата кариера, Турам играше и против најдобрите напаѓачи во светот и во националниот тим и во клупските натпревари, но само еден успеа да му даде главоболка.

Нешто изненадувачки, поранешниот член на Триколорите го избра Педро Мунитис како играч со кого имал најмногу проблеми.

Турам се сети на Педро на натпреварот за Европско првенство 2000. година. Шпанецот го „кршел“ во текот на целиот натпревар, а дефанзивецот направи пенал над тогашниот офанзивец на „црвената фурија“.

“Не се сеќавам на имињата на играчите и на стадионот. Сепак, многу добро се сеќавам на Мунитис. Тој е играчот кој ми создаде најмногу проблеми на теренот. Се прашував кој беше оваа играч. За да ме смири, Карамбеу ми рече дека Мунитис ме помина само еднаш. Понекогаш имам кошмари поради него“.

„Имам фотографија од него во мојата канцеларија затоа што ме понижи и почитта мора да се негува“, рече легендарниот Французин.

Патем, Мунитис го достигна врвот на својата слава кога ја освои Лигата на шампионите со Реал во 2002. година, а тој остави најголем белег во дресот на Расинг Сантандер, каде ја започна и ја заврши кариерата.