Турнир Могила по 40-ти пат


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Спортски манифестации Турнир во мал фудбал Могила 2016

Во периодот кога во најголем дел од фудбалските лиги се завршени и вниманието на јавноста е свртена кон светските трансфери, или кај нас кон отпаѓање и опстанок во Могила се одржува традиционалниот турнир во мал фудбал “Турнир Могила”

Турнир Могила е најстар турнир во мал фудбал во овај регион и еден од најпосетуваните турнири во мал фудбал, со голем број на пријавени екипи од цела Македонија.

Турнир Могила за прв пат започнува да се организира во 1977 година од група на фудбалски интузијасти и сеуште трае. Натпреварите се играат од 19ч.00 до 23.00ч на фудбалското игралиште при ЦОУ „Гоце Делчев“ во Могила.

Организатор на Турнир Могила: “Здружение за спорт и култура Могила”