Турски ракометар заедно со синот загинал во земјотресот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тажни вести доаѓаат од Турција, каде што постојано се зголемува бројката на загинати по силните земјотреси, а едни од жртвите се турскиот ракометар Џемал Кутхаја и неговиот петгодишен син.

За време на земјотресот Кутхаја со неговиот син бил во домот, а со нив била и сопругата која во моментов е исчезната.

Кутхаја играше за Хатајспор, а спасувачките екипи го пронајдоа неговото тело по седум дена потрага по урнатините.