„Тутомеркато“: Го купија за 50.000 евра, а сега го продаваат за 22 милиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тутомеркато“ пишува дека Саутемптон е подготвен да потпише договор со напаѓачот на Стандард од Белгија, Муса Џенепо.

Италјанците пишуваат дека трансферот ќе изнесува 22 милиони евра и е блску до реализација, па Џенепо би можел да стане првото засилување на Саутемптон летово.

Овој 20-годишен фудбалер, кој може да игра на крилните позиции, постигна 11 голови и шест асистенции во 39 настапи во сите натпреварувања за белгискиот тим сезонава.

Стандард поради тоа може да заработи огромно богатство, зашто во 2017 година го купија за само 50.000 евра, а сега го продаваат дури за 22 милиони, па така ќе ја израмнат својата најголема заработка во последните години, кога го продадоа Маруан Фелаини на Евертон.