Уапсен бивш НБА-шампион – му пронашле дрога и 14 куршуми во куферот! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот НБА-кошаркар Иман Шампер бил уапсен на аеродром во Далас, затоа што кај себе имал голема количина на марихуана.

Шампер завршил во затвор поради тоа што марихуаната не е легализирана во Тексас, а исто така поранешниот НБА-шампион имал 14 куршуми во багажот.

„Според извештајот на полицијата, обезбедувањето на аеродромот на скенер забележало сомнителна ќеса во неговата торба, по што признал дека има марихуана. Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие затворска казна од две години и парична казна од 10.000 долари“, пишуваат американските медиуми.

Шампер во текот на кариерата играше за Њујорк, Кливленд, Сакраменто, Хјустон и Бруклин, кој му беше последен клуб.