Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српските медиуми пишуваат дека конфликтот меѓу осомничените за убиството и српскиот борец Стефан Савиќ траеле веќе две години.
Осомничените Василије Гачевиќ и Марко Даничиќ наводно имале инцидент и претходно со ММА борецот.
„Савиќ првпат се соочил со Гачевиќ и Даничиќ кога го претепале и фрлиле неговиот другар во Дунав, а притоа го понижиле и уринирале врз него. Стефан се степал со нив поради другарот. Тоа не беше единствен конфликт, двајцата фудбалери ја нападнале и неговата девојка. Во двата конфликти беа претепани, па поради тоа решиле да му се одмаздат“, вели извор од истрагата.