Уцената до Валбуена не била ништо: Бензема бил на суд и за друга работа!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема во моментов е еден од најдобрите фудбалери во светот, а сега е на одмор и ужива по напорната сезона со Реал Мадрид.

Бензема игра одлично во последните две сезони и ги освои срцата на многу навивачи, но неговата кариера ја одбележаа и некои непријатни работи.

Една од нив беше уцената на Матје Валбуена со експлицитни снимки, а долгогодишниот процес заврши така што Бензема беше прогласен за виновен и плати 75.000 евра.

Ова не е единствен случај поради кој морал да излезе пред Суд затоа што се појавил и на судење за дрога, но тоа не е ништо.

Рибери и Бензема пред 14 години беа обвинети дека наводно натерале малолетна девојка да има интимни односи со нив, а за тоа ѝ платиле 20.000 евра.