Удар за Манчестер Јунајтед, играчот кој го „бркаа“ за следно засилување потпиша нов договор со клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед долго време се интересираше за играчот на Лестер Сити, Џејмс Медисон.

Младиот офанзивен фудбалер беше виден како идеално решение за Манчестер Јунајтед, меѓутоа до негов трансфер веројатно нема да дојде.

Причината за тоа е што играчот потпиша нов четиригодишен договор со премиерлигашкиот клуб кој ќе го задржи на „Кинг Пауер“ до 2024 година.

23 годишниот фудбалер се пресели во Лестер од Норвич во 2018 година, а сезонава што измина постигна 16 погодоци за „лисиците“.