Удинезе предовден од Несторгол го порази Јувентус (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Удинезе запиша голема победа против веројатно новиот италијански шампион, Јувентус.

Удинезе на домашен терен славеше со 2:1 и со тоа стигна до злато вредни три бода со кои веројатно си обезбеди опстанок.

Јувентус поведе со голот на Де Лихт при крајот на првиот дел, па со предност на гостите се замина на одмор.

На 1:1 израмни македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, додека конечниот резултат го постигна Секо Фофана.