Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европската фудбалска унија (УЕФА) нема намера повторно да прави промени за Европското првенство (ЕП), па тоа ќе се одржи во 12 градови, како што беше претходно најавено.
Проблемите со ковид-19 направија хаос во светот и поради тоа се шпекулираше дека ЕП ќе се игра во една држава, а како главен кандидат се споменуваше Англија.
Меѓутоа, УЕФА смета дека нема потреба да се прават промени и ЕП ќе се игра во 12 градови од 11-ти јуни до 11-ти јули.
Македонската фудбалска репрезентација за прв пат ќе учествува на еден континентален собор, а натпреварите ќе ги игра во Букурешн и Амстердам.
УЕФА ќе дозволи публика од 25% од капацитетот на стадионите. Тоа значи дека за двата меча на Македонија во Букурешт против Австрија на 13 јуни и со Украина на 17 јуни ќе биде дозволено присуство на 14.000 фанови.