УЕФА го потврди новиот формат на ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (УЕФА) потврди дека ќе се случат промени во форматот на Лигата на шампиони (ЛШ) од сезоната 2024/25.

Новиот формат во ЛШ ќе се игра по швајцарски систем, а иако беше најавувано дека секој тим ќе игра по 10 натпревари (пет на домашен и пет на гостински), сепак секој клуб ќе одигра по осум меча.

Во ЛШ од сезоната 2024/25 ќе има 36 наместо 32 екипи, а место повеќе во ЛШ ќе добие петтата земја на УЕФА ранг-листата, односно Франција или Португалија.

Второто дополнително место ќе се добие низ „шампионскиот пат“ од квалификациите, а наместо четири од 2024 година пет тимови ќе изборат пласман во елитното натпреварување.

Уште две дополнителни места ќе добијат најсилните лиги во Европа, односно два тима кои според коефициентите од претходните сезони играле во ЛШ, а низ првенството не избориле пласман.