УЕФА го укина „балканското правило“: Можни пресметки меѓу балкански тимови!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА дозволи на балканските тимови меѓусебно да се соочуваат во квалификациите за европските натпреварувања, но со еден исклучок.

И понатаму важи правилото клубовите од БиХ и Србија да не можат да се соочат против косовските клубови (истото правило од претходно важи и за репрезентациите).

Па така Динамо Загреб може да се пресмета со Црвена Звезда или Сараево во квалификациите за Лигата на шампиони, а Осиек може да игра против Зрињски или Војводина во квалификациите за Лига Европа.