УЕФА им објасни на Роналдо и Португалците зошто не им беше признат голот против Србија


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека имала намера да го примени ВАР-системот во квалификациите за Светското првенство во Катар, но дека од тоа се откажала поради комплицираната ситуација со пандемијата.

УЕФА се јави по контроверзната завршница на мечот меѓу Србија и Португалија (2-2), кога на Кристијано Роналдо не му беше признат чист гол.

„УЕФА во 2019 година предложи употреба на ВАР-технологија во квалификациите за Светското првенство. Влијанието на пандемијата, ковид-19 и останатите работи ја натера УЕФА да го одложи тоа. Исто така, ВАР не се користеше во групната фаза од Лигата на нации минатата есен и поради тоа сега не се користеше во натпреварите од квалификациите за Мундијалот“, соопшти УЕФА.