УЕФА истражува два меча од Србија поради сомнеж дека биле наместени!

Европската фудбалска унија (УЕФА) испрати писмо до Фудбалскиот сојуз на Србија поради сомнеж за наместени натпревари.

УЕФА забележала сомнителни уплати во Европа и Азија, а Фудбалскиот сојуз на Србија испрати документи и наводни докази за наместен меч.

На една од двете уплати бил и конечен резултат, што јасно зборува дека до детали биле договорени клубовите.

Случајот во моментов го води Фудбалскиот сојуз на Србија, со помош од УЕФА, а Дисциплинската комисија треба да донесе конечна казна за тимовите.

Казни за клубовите може да бидат од парични до одземање на бодови, додека на фудбалерите им следи суспензија.