УЕФА ќе ги смени правилата поради Челси?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) наскоро планира да ги промени правилата за трансфери затоа што Челси пронајде „дупка“ која ја искористи за да ангажира голем број фудбалери.

УЕФА е подготвена да ја затвори „дупката“ која на Челси му овозможи да потпишува договори долги седум-осум години и така да ги одложи трошоците.

Голем број англиски гиганти го нападнаа тимот од Лондон дека се обидува да ги заобиколи правилата на Финансискиот фер-плеј со користење на амортизација на трошоците.

ФИФА одредува максимална должина на договор до пет години, но постојат исклучоци, кои ги искористи Челси за да купи неколку засилувања.