УЕФА му се заканува со казна на Реал Мадрид доколку не заработи – 300 милиони евра


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид тргна со засилувањата за наредната сезона, па како најголеми „бомби“ ги договори Еден Азар од Челси за 100 милиони евра и Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан не планира да запре со засилувањата, па наскоро се очекува потврда на трансферот на Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Сепак, Реал има голем проблем поради кој му се закануваат санкции од УЕФА поради кршење на финансиската политика.

Се очекува Реал да потроши околу 400 милиони евра на засилувања, а клубот ќе мора да заработи дури 300 милиони евра од продажба на своите фудбалери.

Зидан сака да се ослободи од неколку фудбалери, а некои превидувања се дека дури 13 фудбалери би можеле да го напуштат Мадрид, меѓу кои се Хамес Родригез и Герет Бејл.