УЕФА му забрани на Траоре да настапи за Шпанија (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот фудбалер на англиски Вулверхемптон, Адама Траоре ќе мора да го пропушти натпреварот против Украина.

Траоре беше позитивен на ковид-19 пред неколку дена, но на вчерашниот ПЦР-тест се покажа дека е негативен, па требаше да биде дел од составот за Украина.

Меѓутоа, протоколот на УЕФА му забрани да игра, па шпанскиот фудбалски сојуз ја извести јавноста дека фудбалерот ќе го пропушти следниот дуел, исто како што го пропушти и мечот против Германија.

Шпанците не се среќни поради одлуката, но УЕФА го имаше последниот збор.