Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познатите светски медиуми пишуваат дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) продала најмалку едно финале во Лигата на шампиони (ЛШ), кое ќе се игра во Абу Даби до 2030 година.
УЕФА потпишала договор вреден 2,4 милијарди евра со Владата на Обединетите Арапски Емирати, а ова предизвика негативни реакции во Европа.
„ОК Диарио“ објави дека преговорите меѓу маркетинг-тимот на УЕФА и Министерството за култура и туризам во ОАЕ траеле со месеци и на крај договорот бил одобрен од Александар Чеферин.
Наскоро треба да пристигне и официјална потврда на соработката, а договорот ќе биде потпишан на шест години и ќе важи до 2030 година.
Абу Даби ќе добие и организација на европскиот Суперкуп кој ќе се игра во формат на Ф4-турнир.