УЕФА реши: Финалето во ЛШ во 2026 година ќе се игра на 800 км од Скопје!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја одреди „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија за домаќин на финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) во 2026 година.

Одлуката за одржување на финалето во 2027 година беше одложено до септември под услов Италијанскиот фудбалски сојуз да достави информации за плановите за реконструкција на „Сан Сиро“ во Милано.

Штутгарт ќе биде домаќин на финалето на Лига Европа во 2027 година, додека финалето во Европската конференциска лига во 2026 година ќе се одржи во Лајпциг.

Стадионот на Бешикташ во Истанбул ќе биде домаќин на финалињата на Лига Европа во 2026 и Конференциската лига во 2027 година.