УЕФА воведе нова награда во Лигата на шампиони, најдобриот ќе го бира посебна комисија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од утре почнуваат возбудувањата во Лигата на шампиони со дуелите од осминафиналето. По два месеци пауза повторно е време за најдобриот клупски фудбал во светот.

УЕФА реши дополнително да ги мотивира фудбалерите со одлуката да се воведе нова награда за играч на натпреварот. Доделувањето на неа почнува од осминафиналето, а утре ќе биде познат првиот добитник.

Најдобриот фудбалер ќе го бира посебна комисија во која се наоѓаат Роберто Мартинез, Аитор Каранка, Роби Кин, Фил Невил, Герет Саутгејт и уште неколку познати имиња.

УЕФА тоа го потврди и на официјалната страна и објави како ќе изгледа наградата.