УФЦ му забрани на контроверзниот поранешен шампион да дојде на настан


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


На поранешниот УФЦ шампион во средна категорија, Шон Стрикленд, му беше забрането да присуствува на синоќешниот UFC 323 настан во Лас Вегас. Како што самиот тврди, раководителите на организацијата дури му се заканиле и со затвор ако се појави. Контроверзниот борец ги сподели своите фрустрации во низа објави на социјалните мрежи кои подоцна ги избриша, пренесува Bloody Elbow.

Стрикленд, кој живее и тренира во Лас Вегас, планираше да го поддржи неговиот тимски колега од салата Xtreme Couture, Мансур Абдул-Малик. Сепак, борецот е под шестмесечна суспензија која ја заработи поради инцидент во јуни кога беше во улога на тренер, поради што му е оневозможен пристап до салата.

Во серија избришани објави, Стрикленд откри што се случувало зад кулисите. “Па… сакав да одам да ја гледам екипата како се бори вечерва”, напиша Стрикленд. “Но шефовите на UFC лично ме повикаа да ми кажат да се ј**ам, дека сум суспендиран и дека не можам да дојдам….. хаха.”

Потоа додаде дека водел разговори со еден од раководителите на UFC кои вклучуваа пораки како “Шон, може да те затворат”, “Шон, никогаш нема да ти речам што да кажеш, но не ти препорачувам” и “Шон, треба да го избришеш тоа, но не мораш”.

.