УФЦ откри кој ќе се бори пред Белата куќа за роденденот на Трамп


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Дена Вајт објави, за време на УФЦ 326, кој сѐ ќе се бори на спектаклот пред Белата куќа, кој ќе се одржи пред резиденцијата на американскиот претседател на 14 јуни. Настанот се вика “UFC Freedom 250” во чест на 250-годишнината од американската независност. Се одржува на Денот на знамето на САД, но и на 80-тиот роденден на Доналд Трамп.

Откривањето на картичката ги разочара фановите на UFC. Двете главни борби се многу атрактивни, но остатокот не е. Во сонсловна борба ќе се судрат Алекс Переира и Сирил Гејн за привремена титула во тешка категорија.

Врвот на вечерта ќе биде борбата во која Илија Топурија и Џастин Гејтџи ќе се борат за појас во лесна категорија. Останатиот дел од програмата нуди борби кои се далеку од очекуваните. Трамп најавуваше дека во неговото дворје ќе се одржуваат мечеви исклучиво за појаси.

.