Уго Лорис го продолжи договорот со Тотенхем

Францускиот голман Уго Лорис нема намера да го напушти Тотенхем, откако стигна во екипата пред 10 години од Лион за речиси 13 милиони евра и се покажа како вистински погодок за лондонскиот тим.

Иако има 35 години, сепак и понатаму брани на врвно ниво во Тотенхем, но и француската репрезентација, па поради тоа лондонскиот клуб му понуди нов договор.

Лорис со Тотенхем има договор до крајот на сезоната и се шпекулираше дека може да го напушти тимот по 10 години, но тоа нема да се случи.

Тотенхем потврди дека Лорис реши да го продолжи својот договор и тоа до 2024 година, а италијанскиот тренер Антонио Конте јасно му порача на раководството пред неколку недели дека сака да го задржи Французинот.