Ух, каква повреда:Колумбиец си ја скрши ногата! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колумбија синоќа во првото коло од квалификациите за Светското првенство ја победи Венецуела со 3-0.

Меѓутоа, мечот го одбележа страшна повреда на десниот бек на Колумбија, Сантијаго Ариас, во 14. минута од натпреварот.

Ариас беше во дуел со противнички играч и си ја скрши ногата, а фудбалерите на двете селекции не можеа да поверуваат што гледаат.

Докторите на двете репрезентации експресно реагираа за да му помогнат на Ариас, кој веднаш беше испратен во болница.

Колумбиецот неодамна се пресели од Атлетико Мадрид во Баер Леверкузен и успеа да одигра само еден меч за германската екипа, а сега го чека најмалку половина година пауза.