Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Украинецот Олександр Усик ќе ги брани појасите на светски шампион во тешка категорија против Ентони Џошуа, а датумот сè уште не е познато.
Усик во септември минатата година во Лондон му одржа лекција на Џошуа и му ги зема титулите, а по краткото славје замина во Украина да ја брани татковината од Русија.
Сепак, доби посебна дозвола да излезе од земјата за да ги почне подготовките за мечот против британскиот боксер.
Точен датум за реваншот сè уште не е познат, а многумина шпекулираа дека тој ќе се одржи на 23 јули, а тоа е доволно време за Украинецот да се подготви за борбата.