Украинка елиминираше Русинка: Сите пари ќе ги донирам на војската во Украина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ се одигра меч меѓу Елина Свитолина и Анастасија Потапова во Монтереј, Мексико, а Украинката во емотивен дуел ја победи Русинката и испрати порака преку социјалните мрежи.

Првата носителка на турнирот, Свитолина по 64 минути лесно славеше со 6-2 и 6-1, па во следното коло ќе игра пртоив Бугарката Викторија Томова, а треба да се напомене дека Украинката не сакаше воопшто да настапи на турнирот поради војната меѓу Украина и Русија.

„Ова за мене е посебен меч, од самиот старт морав да бидам подготвена за тоа што може да се случи. Сите пари кои ќе ги заработам на турниров, ќе бидат донирани на украинската војска. За ништо не ги обвинувам руските спортисти, тие не се виновни“, вели 27-годишната Свитолина.